АРСЕНАЛ ЌЕ МУ ГО ПОНУДИ ОБЕМЕЈАНГ НА РЕАЛ МАДРИД ВО ЗАМЕНА ЗА ЕДНА ЅВЕЗДА!
Лондонски Арсенал ја игра во моментов најлошата сезона по 1977 година, веќе го смени Унај Емери, па во англиската престолнина веќе се прават планови за јануарскиот преоден рок во кој „топчиите“ се спремни да се откажат и од својата прва ѕвезда Пјер Емерик Обемејанг.
Според информации на англиски медиуми, Арсенал наводно е подготвен да го понуди Обемејанг на Реал Мадрид, кој е заинтересиран да го донесе овој напаѓач како освежување за офанзивата на „кралскиот клуб“, ама за возврат да ја добие српската ѕвезда Лука Јовиќ во замена. Јовиќ дојде на „Сантјаго Бернабеу“ за 50 милиои евра летоска од германски Ајнтрахт Франкфурт.
Обидот Арсенал да го размени Обемејанг со Јовиќ доаѓа зашто преговорите за нов договор со Габонецот се стопирани после интересот на мадриѓаните за него, па лондоначни ризикуваат да го загубат идното лето, зашто му истекува договорот и ќе биде слободен играч. Затоа и ова е шанса да ќарат нешто во замена.
Покрај Обемејанг договорот на „Емирати“ му завршува и на Александре Лаказет.
Извор: Спорт1

