|

Арсовска: „Кога режимскиот диктатор Мицковски ќе даде наредба да се апси директорот на загадувачот УСЈЕ кој системски не труе 365 дена во годината?“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на својата официјална Facebook-страница упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и институциите, обвинувајќи ги дека не преземаат мерки против цементарницата „УСЈЕ“, која, според неа, континуирано го загадува главниот град.

Арсовска праша кога, како што рече, „режимскиот диктатор Мицкоски“ ќе издаде наредба за апсење на директорот на фабриката.

„Кога режимскиот диктатор Мицкоски ќе даде наредба да се апси директорот на загадувачот ‘УСЈЕ’ кој системски не труе 365 дена во годината? Дали ќе го приведат директорот на ‘УСЈЕ’ за загадувањето на Скопје за што со докази поднесовме кривична пријава пред 3 години и зошто не?“, напиша Арсовска.

Таа додаде дека, според нејзини сомнежи, институциите не реагираат поради соработка помеѓу компанијата и локални власти блиски до премиерот.

„Можеби режимскиот диктатор Мицкоски не дава наредба МВРО таму да апси бидејќи ‘УСЈЕ’ донира на општините и градоначалниците кои му се блиски соработници“, наведе Арсовска.

Од Владата и од компанијата „УСЈЕ“ засега нема реакција на обвинувањата.

Слични Објави