| |

Асен Василев ќе биде кандидатот на Продолжуваме промената за нов бугарски премиер

Асен Василев е кандидатот за премиер кого „Продолжуваме промената“ ќе го предложи да раководи со евентуален нов кабинет со партиски мандат во рамките на актуелниот парламент. Ова го соопшти премиерот во оставка Кирил Петков.

„Јас предложив на „Продолжуваме промената“ за следен премиер на Бугарија да го именува Асен Василев. Личност на која безусловно и верувам, со која рамо до рамо ја почнавме борбата и со која ќе ја завршиме рамо до рамо во ист тим“, изјави Петков, цитиран од Нова ТВ.

Пред неколку дена, еден од партнерите во актуелната владина коалиција – БСП, објави дека нема да преговара за поддршка на кабинет на ПП доколку Петков повторно биде предложен за премиер.

Василев во моментов е вицепремиер за европски фондови и министер за финансии. Беше министер за економија, енергетика и туризам во привремената влада на Марин Рајков од март 2013 до 29 мај 2013 година. Функцијата министер за финансии ја извршуваше во првиот официјален кабинет на Стефан Јанев од 12 мај до 15 септември 2021 година, назначен од претседателот Румен Радев.

Веста за номинацијата на Василев доаѓа само неколку часа пред претседателот Радев да го додели првиот мандат за формирање на идната влада.



Слични Објави