Спасовски од Софија: Како две соседни држави, имаме наш заеднички интерес и придобивки

//

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е во посета на Софија, каде имаше средба со неговиот бугарски колега, Бојко Рашков. Воедно одржана е изаедничка вежба на специјалните полициски единици на Бугарија и Македонија.

-Од денешнава средба можам со задоволство да констатирам дека ние, како две соседни држави, сме упатени на меѓусебна соработка и наш заеднички интерес е да имаме добри резултати и придобивки од ваквата соработка, што е еднакво важно како за министерствата за внатрешни работи на двете земји, така и за нашите две држави, но и за регионот.

Ние сме посветени на   унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативна меѓународна соработка со МВР на Република  Бугарија, во насока на зајакната регионална соработка, како еден од нашите главни приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, недозволената трговијата со дрога и справувањето со илегалната миграција.



Благодарност до мојот колега домаќин, министерот Рашков, за топлиот пречек и конструктивните разговори што ги имавме денеска, порача Спасовски.

Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Француската амбасадорка во Бугарија: Последниот предлог е идентичен со документот што го усвои бугарскиот парламент

Следна статија

Асен Василев ќе биде кандидатот на Продолжуваме промената за нов бугарски премиер

Најново од Вести