Атина ги подготвува Грците за сложено име со зборот Македонија

//

Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за Eуроњуз на грчки јазик. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот  Грците да го прифатат сложеното име, но додава дека од другата страна не постои иста таква подготовка. Во однос на одредницата и сложеното име, Коѕијас објаснува дека грчката влада ги преферира придавките што имаат „словенска нијанса во нивната фонетика“.

На прашањето дали се разгледува можноста опсегот на употреба да се усвои постепено, односно по влезот на Македонија во ЕУ, Никос Коѕијас, вели дека потребно е двете страни да се држат до она за што додека преговарале постоело договор, не потоа да има промена на мислење или одново да се преговара, затоа што тоа е „преговори за преговорите“.



– Нема шанси да правиме нешто што правно, историски и политички е неприродно за две држави што сакаат да се договараат. Сакам да кажам дека промените на името треба да бидат на начин на кој ќе го олеснат влезот на соседната земја – пријател во организациите што таа посакува да стане член, коментира Коѕијас

Претходна статија

Паника на Волстрит, акциите во слободен пад

Следна статија

Собраниска делегација во ЕП во Стразбур

Најново од Вести