Паника на Волстрит, акциите во слободен пад

//

Паника завладеа вчера на Волстрит, каде главниот индекст на Њујоршката берза драстично се намали. Индексот Доу Џонс нагло падна за помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Тоа е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. Во еден момент индексот беше во минус за 1.600 бодови, што е најмногу во историјата. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Дау Џонс падна за околу 4,60 отсто.

Белата куќа подоцна смируваше се работи за „краткорична флуктуација на пазарите“ . На глобалниот пад денеска се придружи и азиската берза, каде цените на акциите нагло паднаа, бидејќи инвеститорите стравуваат од зголемување на инфлацијата и каматите.



Претходна статија

Времето денес: Сончево и суво, попладне зголемена облачност

Следна статија

Атина ги подготвува Грците за сложено име со зборот Македонија

Најново од Вести