| |

Времето денес: Сончево и суво, попладне зголемена облачност

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а веќе од попладне на југоисток ќе има повремено зголемена облачност и услови за појава на слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје слично време со зголемување на облачноста попладне. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 11 степени.



Слични Објави