Рочиште за „Сопот“ во Кривичниот суд
Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот”. Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули минатата година му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
