ЕВЕ КАДЕ ТРЕБА ДА ПОПОЛНИТЕ БАРАЊЕ АКО САКАТЕ ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

//

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана,  преку порталот uslugi.gov. mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА.

Министерот Дамјан Манчевски на сесија за прашања и одговори за ограниченото движење соопшти дека треба  да се пополни барање (унифициран електронски образец) каде што ќе наведе причина зошто бара дозвола и ако е потребно, да прикачи доказ, на пример ако е за грижа за друго лице – медицинска документација.



Дозволата ќе му се издаде електронски на мејлот  на лицето што ја бара и нема потреба од физичко доаѓање. Може и на мобилен да ја покаже ако му биде побарана за проверка,  нема потреба да ја печати. Дозволите имаат код кој полицијата може да  го скенира и да провери во регистарот на МИОА дали е дозволата вистинска.

Претходна статија

СПЕКТАКУЛАРНО ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЖИТЕЛИТЕ НА ВУХАН ГО ПРОСЛАВИЈА КРАЈОТ НА КАРАНТИНОТ

Следна статија

СПОРЕД ВЛАДАТА АКО ДЕНЕСКА ТЕ ИЗБРКАAТ ОД РАБОТА, А ПОСЛЕ ДВА ДЕНА СЕ ВРАБОТИШ НЕ Е ГУБЕЊЕ РАБОТА

Најново од Вести