| |

Атина го обвини Скопје за систематско кршење на Договорот од Преспа

Грчкиот министер за надворешни работи Јорос Герапетритис ја истакна посветеноста за строго почитување на Договорот од Преспа, чијашто суштина систематски ја нарушува новото политичко и национално раководство на Северна Македонија, пренесува БГНЕС.

Герапетритис го истакна „систематското кршење на Договорот од Преспа од страна на новото раководство на Република Северна Македонија“ во изјава објавена во весникот „Вима“.

Коментирајќи ги заклучоците од самитот на НАТО во Вашингтон, Герапетритис рече дека „грчката страна решително го покренала прашањето за почитување на меѓународното право и меѓународните договори од страна на сите земји-членки на НАТО“.



Слични Објави