|

„Ауди“ излета од патот Гостивар-Кичево, тројца повредени

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево.

Несреќата се случила кога „ауди“, управувано од Б.Д.(27) од Гостивар излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Б.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничките А.Ј. и Ј.Ј., констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа од полициска станица Гостивар.

Слични Објави