АВСТРАЛИЈА ПОЧНА СО ТЕСТИРАЊЕ НА ДВЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

/

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која би можела да означи крај на пандемијата, објави Би-би-си.

Светската здравствена организација (СЗО) одобри тестирање на животни на две вакцини кои се развиени на Универзитетот Оксфорд и од американската компанија Inovio Pharmaceutical.

Австралиската национална научна агенција ќе процени дали вакцините се делотворни и дали се безбедни за луѓето.

Првото тестирање на вакцина против Ковид-19 почна во САД минатиот месец, но фазата на тестирање врз животни беше прескокната.

Моментно во светот постојат и други вакцини кои се во фаза на тестирање и кои се развиваат со исклучителна брзина.

Австралиската организација на Комонвелтот за научно и индустриско истражување ЦСИРО соопшти дека нејзиното тестирање ќе биде прво сеопфатно предклиничко испитување на вакцините над животни.



Истражувачите велат дека брзината и нивото на глобална соработка кои довеле до оваа фаза се без преседан.

„Вообичаено се потребни околу една до две години за да се дојде до овој момени, а ние го скративме периодот на неколку месеци“, рекол Роб Гренфел од ЦСИРО.

Во светот се развиваат уште 20 различни вакцини против Ковид-19, но овие две се во најнапредна фаза на тестирање досега.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СКОПЈАНЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ШЕТАЛ НИЗ ОХРИД И ДОМА ПРИМИЛ ВРАБОТЕНИ ОД ЕДЕН ОПЕРАТОР

Следна статија

ЧУЛЕВ: НАСИЛНИЦИТЕ ОД ШТИП СЕ УАПСЕНИ

Најново од Вести