АВСТРИСКИ НАУЧНИЦИ СОЗДАДОА ТАБЛЕТА ШТО ЌЕ ГО СПРЕЧУВА ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19

Научници од Универзитетот во Грац Австрија создадоа таблета што го деактивира дејството на КОВИД-19 во устата и заразеното лице не може да го шири вирусот.

loading...

Развојот на таблетата е во почетна фаза. Претстојат тестови за да се докаже ефикасноста на медикаментот. Доколку клиничките испитувања се успешни, таблетите може да се пласираат на пазарот до половина година.


loading...

Австриските научници се категорични дека таблетите не се алтернатива на вакцините. Тие исто така не го лекуваат вирусот. Нивната цел е да се ограничи ширењето на КОВИД-19.