|

Автобус се преврте на автопат во Германија, најмалку пет мртви

Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица, а други патници тешко беа повредени.

„Во несреќата загинаа пет лица“, потврди портпаролот на полицијата, Олаф Хоуп, за германски „Билд“, а идентитетот на жртвите не е откриен.

Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се наоѓаат полиција и истражители, како и екипи на итната помош.



Слични Објави