Баба од САД до смрт ја претепала 8-годишната внука
Патриша Ен Рикс (72) од САД е уапсена и обвинета за убиство на својата осумгодишна внука. Имено, постои сомневање дека таа до смрт го претепала девојчето, кое набргу по приемот во болница починало.
„Врз истрагата утврдено е дека осумгодишната малолетничка била толку многу претепана од својата баба што девојчето починало од повредите“, се вели во полициското соопштение и се додава дека детето има сериозни повреди по целото тело и глава, пишува „Индекс.хр“.
Инаку, Рикс беше законски старател на осумгодишното девојче, како и старател на неколку нејзини браќа и сестри.
Полицијата ја уапси Ен Рикс и ја обвини за убиство од прв степен и злоупотреба на деца.
Моментно е во притвор, а засега не се познати мотивите за нападот. До завршување на истрагата браќата и сестрите на девојчето ќе бидат под надзор на социјалната заштита.
