|

ЕУ со „колосален недостиг на средства“ за Украина во 2026 година – расте притисокот за експропријација на руските активи

Земјите од Европската унија се соочуваат со „колосален недостиг на средства“ за финансирање на Украина во 2026 година, па сè повеќе од нив бараат да се постигне договор за експропријација на руските државни средства. Ова го изјави шефицата на европската дипломатија Кaja Калас на прес-конференција по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесуваат агенциите, јавува БГНЕС.

„Многу министри денеска подвлекоа дека се соочуваме со огромен недостиг на средства за финансирање на Украина“, рече Калас, нагласувајќи дека за присвојување на руските суверени средства е потребна едногласна одлука.

Белгискиот премиер Барт де Вевер предупреди дека конфискацијата на замрзнатите руски средства би можела да има „системски последици“. На заедничка прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Фридрих Мерц, тој истакна дека средствата на централните банки се заштитени со закон и со меѓународен имунитет.

„Ако испратите сигнал дека во Европа може со политичка одлука да се конфискуваат државни средства, тогаш тоа ќе има последици. Други држави ќе ги повлечат своите средства. Тоа е многу опасно од правен аспект“, изјави Де Вевер.

Тој додаде дека руските средства треба да останат замрзнати, бидејќи каматата од нив веќе се пренасочува кон Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се согласи со ставот на Де Вевер, нагласувајќи дека пристапот до резервите на Централната банка на Русија може да има сериозни последици и врз капиталните пазари.

Од почетокот на руската воена операција во Украина, ЕУ и Г7 замрзнаа речиси половина од руските државни средства во износ од околу 300 милијарди евра. Околу 200 милијарди од нив се наоѓаат во Европската унија.

Според податоците на Брисел, приходите од замрзнатите средства веќе се пренасочуваат кон Украина. Само оваа година Киев добил 10,1 милијарди евра од тие извори.

Слични Објави