|

БАЈ БАЈ НА ЗЛОТО

Паниката е многу непријатна состојба. Води до длабока огорченост, а една од нејзините први жртви е здравиот разум. Состојба во која логиката и рационалноста се речиси целосно отсутни.

Не можам, меѓу другото, да замижам и пред очигледната состојба со која во моментов се соочува “врхушката на ДУИ“. Исклучителна состојба на паника. Партијата со најголем стаж на власт во државата, се чини, се соочува со фобија од највисок степен – паниката!

Последиците од бројни појави и случувања што доведоа до колапс на оваа држава се, во голем дел, поврзани со постоењето на овој, би рекол, партиски конструкт. Ќе потсетам на масовното заминување на луѓето со билет во еден правец, на незапирливата “епидемија” во оваа држава КРИМИНАЛОТ и КОРУПЦИЈАТА, нешто за што многу повеќе зборуваат фактите отколку чие било толкување на сивилото од кое не можеме да побегнеме.

Ама, пак, нема кај да бегаат и престапниците фатени на дело, нема кај да бегаат криминогените структури кои паднаа на сечиј тест, но најмногу на тестот на јавноста. Размислувам, доколку овие КРИМИ-ГЕНИЈАЛЦИ сакаат да направат макар и мал гест на „џентлменство“, без разлика што е ова поим кој им е речиси непознат, најдобро би било да го прифатат поразот на 12ти април и да отпатуваат во историјата. Без каква било можност да се најдат во иднината! Затоа што иднината со нив нема ни да се појави на хоризонтот. Пустошот е толку голем што прашање е што ќе остане од оваа, наша, држава ако дозволиме состојбите слободно да си течат, така како што биле досега. Овие гнили елементи на општеството долго време се веќе опасни и за психофизичкото здравје на луѓето. Можеби до некаде, надвор од ова се „ендемски“ заштитените видови затскриени зад сенката на Дујовата шепа. Се прашувам како ли ќе се чувствуваат кога ќе излезат од под длабоката сенка?!?

Дека промените полека се случуваат и во овој дел од светот потврда имаме со историската победа на Самоопределба на Косово. Таму Албин Курти воведе пример на триумф на правдата на политичката мафија. Зарем не е редно време да научиме и ние нешто? Зарем не е време да се ослободиме од болното ткиво во ова општество?

Целиот партиско-владин апарат на Косово, игнорирајќи ги граѓаните и закопувајќи ја слободата, доби толку силен удар од Курти и Самоопределба што бранот од таа победа, исто толку, се чувствува и кај нас.

Излегувам в град, разочараност, влегувам в болница, исто, зборувам со студентите длабоко потиштени, млади, возрасни, кај сите исто. Но, она што паралелно го забележувам е и надежта дека на сево ова му се ближи крајот. Знам, во нашите мисли долго владеела безнадежноста, до степен да премине и во индиферентност и апатија.

Но таа надеж, таа разумна надеж што долго тлее во нас ќе биде надежта што ќе ни го отвори патот кон морално подобра и мирна иднина. Зашто кога се надеваме на нешто големо, од убавината на целта ја црпиме храброста да ги отстраниме сите пречки. Време е со таквата храброст и разум да им го отсечеме патот на сите пречки.

Автор: д-р Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар



Слични Објави