|

МАЈКО МАКЕДОНИЈО

Мајко Македонијо, земјо наша измачувана, поробувана, распарчувана, угнетувана и предадена, но никогаш победена. Прекрасна убавице. Каде и да погледнам, каде и да се завртам, од сите страни грееш. Падините на Скопска Црна Гора со поглед злато вреден и Скопје на една дланка, гушната од неодоливата Шар Планина, а насмеана и ведра како Пелистерските очи над Битола. Ех ти мачена и уморна убавице. Ако низ годините минати имало храбри јунаци кои гинеле за да те зачуваат, денес имаш арамии кои те распарчуваат! И во минатото секој знаел за тебе, но денес мајко…

Ако во минатото со војна те ништеле, денес мајко со дипломатија те уништуваат. Но ти си непобедлива, си постоела мајко и ќе постоиш. Не се плаши. Се прашувам мајко, со што заслужи да бидеш непочитувана и продавана? Од бисер на Балканот, те претворија мајко во црна дупка на Балканот. Се прашуваш сигурно зошто од чедата свои? Ех мајко, погледни убаво, погледни го целиот раскош и сите твои убавини што нам во аманет ни ги остави, какви се? Кога Господ го создавал светот, кога стигнал до Македонија, апостолите го прашале татко, зошто баш овде додели толку голем раскош, планини, реки и езера, а на тоа Господ им одговорил- за да видите каков народ ќе живее!!!

И така бидна. На секој чекор згради, на сите страни ѓубре, луѓе болни за власт и удобни фотељи и што ли уште не. Но време како време, минува. Луѓето доаѓаат и си заминуваат, но ти мајко, Ти, ќе останеш вечна и вековита и знам дека повторно ќе бидеш најубавиот БИСЕР НА БАЛКАНОТ.

Автор: Димитар Попандонов, член на НК на ГДУ



Слични Објави