| |

НЕ ВИСАТ ЗАЕДНО!

Пред речиси една година новата „вмровска“ икона Диме Апасиев му порача на Бетмен, дека ќе „виси“ посебно, парафразирајќи цитат од Максимилијан Робеспјер („икона“ од времето на Француската револуција). Влезениот во филм дека го претставува „левото крило на Организацијата“ може да конкурира за призот „Баба Ванѓа на годината“. Му се сонило или пак знаеше што ќе се случи?

Синоќа нашиот „балкански“ проблем се реши на „балкански“ начин. Тие што вредеа како глас во парламентот, излегоа речиси веднаш по помирувањето на коешто Заев повика, и станаа „предавници“, а за останатите што ја немаат пратеничката „тежина“ остана честа да бидат „херои“. Ќе си полежат, а некои можеби ќе го препознаат Димитар А. како нов Димитар Влахов и ќе се надеваат да влезат во листите на неговата партија, за да добијат и тие „цена“, како онаа на Мукоски.

Поделбата на граѓаните на патриоти и предавници што ја наметнаа од ДПМНЕ им се врати како бумеранг врз главите. Сега кој е предавник и кој е херој? Ќе рече некој, се знае кои се предавниците, со име и презиме, ама нема да даде одговор на прашањето: Кој ги испрати во парламент истите? Се испомешаа работите. Истиот тој кој беше инспиратор на „патриотско-предавничка“ поделба си „исчува“ и една мала „предавничка“ група, која да му ја заврши работа, кога ножот ќе дојде до коска.

Каква награда ќе добијат инволвираните? Тие си знаат што договарале, а Мицко војвода да не се прави на изненадена тинејџерка. Тој прекрасно знае што се било понудено на тезгата, и барал излез од ситуацијата ем да пасе овци со ѓаволот, ем како ангел да излезе од турлитавата.

На рајата и останува само да колне по социјалните мрежи и да ја руга Бетка министеркава (поранешна). Истата Бетка чија „предавничка“ рака беше бакнувана во Собранието за време на настаните од 27 април, кога реално започна се.

Автор: Батко Тане

 

Слични Објави