| |

СДС ВРАБОТУВА

Додека ги чекаме платежните картички со кои СДС со наши заеднички пари ќе си купува гласови и ќе го зголемува партискиот имот, кампањата веќе им е во тек. Сето она што законот го забранува за предизборен период, но сега дополнително и за вонредна состојба, тие си го гураат како предизборна агенда.

Член 8-а од Изборниот законик изречно определува дека од денот на донесување на одлука за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи. Ама ова само законот предвидува. Ништо страшно.

СДС си вработува во овој период партиски војници во сите државни и јавни институции, без оглед дали постапките за вработување биле започнати пред распишувањето на изборите или сега сред вонредна состојба и вечното чекање на „пикот“. Значи за нив сето тоа е итно и неодложно. Даваат решенија за вработување на неопределено време и ако лицето има веќе договор на определено, но и ако му е вработување на новооотворено работно место. И тоа по принцип на селективност и форсирање на „своите“ односно оние што се заслужни за партијата. По принцип „за царот и татковината“.

Оние што не им се мили, иако со години чекаат на вработување или само на трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, ќе мораат сепак да причекаат, затоа што не се приоритет во моментот. И никој не го гледа ова вандалско однесување на партијата на власт, со нејзините политички сателити. Сите и граѓаните и институциите молчат, само да не се врати карантинот или да не се зајакне полицискиот час.

За Владата не се итни и можат да чекаат само правата и слободите на нашите граѓани и нивното почитување може да ја чека победата над „невидливиот непријател“. А тој непријател да ти била елитата на власт која ни ја упропастува државата и ни го соголува народот под изговор на борба со вирусот. Природата ќе го победи вирусот, но ние со години ќе ги враќаме долговите на нашата Влада, кои се нецелисходни и партиски детерминирани.

СДС не мари за законите и фер изборна кампања со еднаквост на оружјето во борбата за гласови на граѓаните. Па после оди како мала партија бори се против титаните СДС и ДПМНЕ. Но ништо не е невозможно кога самите си даваат „автоголови со пета“ и кога самите ги газат законите кои нивните собраниски состави ги имаат гласано. По изборите тоа ќе се промени. Промените започнаа.

Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ- Куманово



Слични Објави