БАРСЕЛОНА И РЕАЛ ВЛЕГУВААТ ВО „ВОЈНА“ ПОРАДИ ЅВЕЗДАТА НА АРСЕНАЛ

Шпанските медиуми пренесуваат дека најголемите гиганти, Реал Мадрид и Барселона, влегле во „војна“ околу трансферот на напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Иако договорот со Арсенал му истекува во 2021 година, Габонецот наводно најавил дека истиот нема да биде продолжен.

Шпанскиот „Ел Десмарк“ тврди дека „топчиите’ му соопштиле на Обамејанг дека се подготвени да ги разгледаат сите понуди доколку тој реши да го напушти клубот, пред се поради ситуацијата со неговиот договор.

Според „Ел Десмарк“ Реал е подготвен за Обамејанг да потроши повеќе од 70 милиони евра. Од друга страна, за време на ТВ-емисијата „Ел Шарингито“ можеше да се слушнат тврдења дека Барселона е заинтереситана за поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд.

Наводно, Барса фо смета Обамејанг за потенцијална замена за Луис Суарез, кој наспоро ќе го прослави својот 33-ти роденден, па веќе се бара негова алтернатива.

Извор: Спорт 1

Слични Објави