| |

Баже од Штип за градоначалник на Рим

Кмето на Штип, сите го знаете. Млад, симпатичен, надежен дечко и напредно типче. Вчера го глеам се фале на фејсбук дека Општината почнала да го уредува платото пред Пензионерскиот дом. Ќе ја менувале калдрмата со нови „бехатонки“, како шо видех на фотките шо ги објавиле. Браво!!! Шо ни е гајле дека таа калдрма може е стара стотина и повеќе години и е дел од историјата на градо. Треба да се гледа напред. Са ќе ја тргнат калдрмата, ќе наредат бехатон плочи, а утре кога ќе се смене поставата во Општината, ништо чудно да им текне да ги сменат тие плочи и пак да ја вратат калдрмата. Да се работе нешто.

Од објавата на фејсбук разбрах дека ќе се правила и фонтаничка. Да има каде да се ладат тие кои нема да имаат пари да појдат на одмор во Неа Врасна. За се е помислил градоначалнико. А беше време кога, неговите ги тролаа груевци дека трошат пари за глупости, но ај да не ја ситнам, оти ќе се скине.

Замислете го Благој од Штип, да стане градоначалник на Рим. Како што ќе ја среди старата калдрма во градот под Исарот, така може да му текне и да го дограде Колизеумот. Си плаче за реновирање таа зградичка. Ќе ја дограде и може да направе една катна гаража. Плаче Рим за такви идејни решенија. Оти катна гаража ли? Епа копи-пасте бе пријатели. Груевци правеа катни гаражи и тие новите ќе прават. Груевци правеа фонтани, ете го и Благојчо и на него му текна да праве. Ама ако нека се гради. Да се гледа дека нешто се движи. Парите не се проблем, пари нема многу, ама идеите како да се потрошат и тие пари што се малку, ги има во изобилство.

PS: Ниту една калдрма да не остане во Македонија. Калдрмите потсетуваат на пустото турско и на уште попустите комити. Ние одиме напред, со празно тенџере во едната рака и парче бехатон во другата. И лупаме како шекнати, белки некој ќе ни го чуе револтот.

Автор: Атанас Величков (Батко Тане)

 



Слични Објави