Законот за употреба на јазиците се враќа во Собрание

//

На собраниската седница закажана за в понеделник, на дневниот ред е Законот за употреба на јазиците, кој се враќа пред пратениците откако претседателот Иванов не го потпиша указот. Законот беше усвоен со 69 гласа за и еден воздржан, без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на државата Иванов одби да го потпише законот за јазици, со кој албанскиот јазик се воведува како втор официјален јазик.

Забелешките на претседателот се наведени на 14 страници доставени до Собранието. Во нив Иванов посочува дека одредбите не се во согласност со Уставот и со Охридскиот рамковен договор. Најпрво го оспорува името на Законот затоа што, како што вели, не води сметка за постоењето на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Според Иванов, дел од одредбите се дискриминаторски кон останатите етнички заедници.



Претседателот смета дека е дискриминаторска одредбата која предвидува на книжните, кованите пари и поштенските марки да има симболи од културното наследство на Албанците, а двојазичност да има на поштенските марки, бадеролите и уплатниците.

Доколку Законот во трето читање во Собранието на 29 јануари биде изгласано, шефот на државата ќе мора да го стави неговиот потпис.

Претходна статија

Според шефот на генералниот штаб на британската армија Русија е закана за Обединетото кралство

Следна статија

Во Атина на 4 февруари ќе има протест за името Македонија

Најново од Вести