СТЕВЧE ЈАКИМОВСКИ : ВЛАДАТА ГИ МЕСТИ ТЕНДЕРИТЕ
Претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевче Јакимовски, во емисијата отворено студио на телевизија Алфа изјави дека тендерите од Владата на РМ се однапред наместени. Тој додаде дека негов близок извор му најавил однапред за тоа кој ќе добие одреден тендер. Според него Вилипче е одличен хирург, но доколку не си поднесе веднаш оставка од министерството за здраство, ќе биде запаметен како лош министер.

