ИЗЛОЖБА НА ОРИГИНАЛНИТЕ ВИНИ ПУ ИГРАЧКИ

/

Пред да стане суперхерој на Дизни, пред авторот А. А. Милн воопшто и да ги замисли шумските авантури на несмасното мече, Вини Пу беше подарок за првиот роденден на едно момченце. Милн го купи кадифеното мече во Херодс и му го подари на својот син Кристофер Робин на 21 август, 1921 г. Со текот на годините му се придружија уште неколку кадифени животни: тигар, кенгур, магаре и кадифено прасенце. Малата играчка го доби името Вини по вистинска црна мечка од лондонската зоолошка, а Милн ја овековечи во своите романи за деца „Вини Пу“ (1926) и „Куќата на аголот Пу“ (1928). Играчките оживеаја низ страниците и ја населија Стохектарската шума конципирана според шумата Ешдаун во билизна на домот на Милн.

Од 1987г. играчките ѝ припаѓаат на Њујоршката јавна библиотека (ЊЈБ). На 3 август, по цела година конзервации повторно се вратени во излогот на Детскиот центар. Газињата им се пополнети, вратчињата исправени, њушката на Прасенце е освежена, а закрпите на Магаренце како и везенот носе на Вини Пу се заменети со нови.

На конзервацијата ѝ се посветивме со огромна љубов и внимание и, земајќи ја пред вид нивната состојба, сакавме да направиме да траат вечно,” вели Мајкл Инмен, кустос од одделот за ретки книги под чија надлежност спаѓаат играчките. Сите зафати на конзервацијата не веднаш воочливи, како на пример внатрешните метални потпори и најлонските мрежички што невоочливо го обложуваат платното најизложено на излитување. Сето ова е сторено во обид Пу и пријателите не само да изгледаат што е возможно порунтави, туку и стабилни и здрави уште долги години.



„Одбравме совршен момент за конзервација, земајќи го пред вид скорешниот напредок во техниките на конзервација на текстил“, додава Инмен. Заради историското и литературно значење, козерваторите ги имаат зачувано и поправките на играчните извршени своевремено од семејството Милн.

На 21 август минатата година, куклата Пу на наполни 95 години. Посетителите можеа да му остават роденденски честитки во едно мало сандаче поставено пред излогот. Пу и пријателите се дел од постојаната изложба во Детскиот центар, но, како и што им доликува, планирано е да се вклучат во ротирачката изложба на предмети од големо литературно значење.



Претходна статија

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА: ГЛАВНИОТ ЛИК ОД УРНЕБЕСНАТА КОМЕДИЈА „БОГОВИТЕ ПАДНАА НА ТЕМЕ“…

Следна статија

ЦУКЕРБЕРГ ПОСТРАШЕН И ОД САМАТА ИНКВИЗИЦИЈА

Најново од Магазин