БЕКТЕШИ: НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ДО 2040 ГОДИНА КОМПЛЕТНО СЕ ПОТПИРА НА 5-ТЕ СТОЛБА НА ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА СТРАТЕГИЈА
„Зајакнување на пазарот на енергија во транзиција“ беше темата на една од панел дискусиите во рамки на Бизнис форумот, со кој заврши првиот ден со економски предзнак од Самитот во Познањ, Полска.Со оглед на динамиката со која ги спроведе енергетските реформи и минатогодишната лидерска позиција на државата меѓу шесте земји од Западен Балканво извештајот за одржлив развој на Европската енергетска заедница, министерот Бектеши беше повикан прв да ги сподели искуствата кои би можеле да бидат патоказ за регионот.
„Точно е дека за кусо време направивме многу во овој сектор, и тоа во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, заштитата на животната средина, транспарентноста и условите за инвестиции во областа на енергетиката. Особено ако се земе предвид фактот дека претходно бевме во групата земји со значителна стагнација во однос на одржливите реформи во областа на енергетиката.Со новиот Закон за енеретика, поголемото искористување на обновливи извори на енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност ги поставивме како главни стратешки цели во енергетскиот сектор. Оваа година интензивно се работеше во подготовка на секундарното законодавство,а подготвен е и нов нацрт Закон за енергетска ефикасност, кој наскоро очекуваме да влезе во процедура за усвојување, а ќе понуди нови решенија со цел подобрување на бизнис климата од кој се очекува најголем интерес да има кај малите и средните претпријатија.До крајот на оваа година, пак, треба да ја донесеме и новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, која се потпира на 5-те столба на Европската енергетска стратегија (сигурност, солидарност и доверба, целосно интегриран енергетски пазар, климатска акција – декарбонизирање на економијата, истражување, иновации и конкурентност)“, објасни Бектеши.
Тој ги запозна присутните со првиот објвен јавен повик за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, за кој е предвидена изградба на фотонапонски електроцентрали на две локации, и тоа во Амзабегово (Свети Николе) со вкупна инсталирана моќност од 25MW и Македонски Брод со вкупна инсталирана моќност од 10MW. Бектеши ја најави можноста микро и малите претпријатија и домаќинствата да можат да инсталираат фотонапонски постројки на покрив за производство на електрична енергија која ќе ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија да го предадат на системот, што се отвори како можност со новиот Закон за енергетика, како и планираниот јавен повик за изградба на ветерни електрани со капацитет до 50 MW со користење на премија на локации за кои веќе е утврден потенцијал за производство на ветерна енергија.Новините согласно Законот за енергетика, според Бектеши, овозможија отворање на пазарот на електрична енергија, штоима позитивни ефекти врз вработувањето, со оглед на фактот штобројот на компании кои поседуваат лиценца за снабдување и лиценца за трговија со електрична енергија во 2018 година е зголемен за повеќе од 10%.
„Под покровителство на Енергетската заедница во Виена, започнат е проект за спојување на ден – однапред пазарите на електрична енергија меѓу Северна Македонија и Бугарија. Воедно, меѓу приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура на Владата на РСМ е изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас“, истакна Бектеши.
Директорот на Енергетската заедница, Јанез Копач, се осврна на состојбите на енергетскиот сектор во регионот, кој е во процес на глобална трансформација. Развојот на поефикасни обновливи извори, растечката ликвидност на пазарот на природен гас и на интеграцијата на енергетскиот пазар во Европа бараат фундаментална промена на политиката. Според Копач, со растечкото темпо на економски растна Западен Балкан, се зголемуваат побарувањата за енергија, а токму на овие предизвици треба да одговори регионот час поскоро.
Министерот за економски развој на Република КосовоВалдрин Лука, претставникот „Нова Комодитис“, компанија од Србија која се занимава со трговија на енергија, како и претставници на енергетскиот сектор од економиите од регионот и од европските финансиски институции се обидоа да ги исцртаат патеките на развој на енергетскиот пазар во регионот, давајќи одговори на прашањатаповрзани со интеграција на пазарот на електрична енергија и гас на Западен Балкан, финансирање на енергетската транзиција и намалување на енергетската сиромаштија, обезбедување на вистинска правна рамка и транспарентност на пазарот и која е вистинската стратегија за развој на обновливите извори.