|

БЕКТЕШИ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: КУПУВАЈТЕ РАЗУМНО ИМА ДОВОЛНО ХРАНА

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска во Министерството за економија одржа работен состанок со претставници од сите најголеми супермаркети и дистрибутери на прехранбени производи во државата.

На состанокот се разговараше за залихите на основни производи со кои располагаат супермаркетите и дистрибутерите, за контролата на терен од страна на Пазарниот инспекторат како и начинот на работа и на организација на трговските објекти со цел поголема заштита и безбедност на потрошувачите.

„Заеднички со претставниците на супермаркетите и дистрибутерите одлучивме дека нема простор за паника. Има доволно залихи на основни продукти. Нас ни останува да бидеме свесни и да се грижиме за здравјето на граѓаните и на вработените во супермаркетите кои се на најголем удар и контакт со потрошувачите“, потенцираше Бектеши

Министерот ги повика сите граѓани разумно да купуваат, но истовремено супермаркетите да направат внатрешни планови на организација за да им излезат во пресрет на потрошувачите.

Слични Објави