|

Белата куќа бара од владините агенции да го забранат Tик-ток на официјални уреди

Американските федерални агенции имаат 30 дена да ја отстранат Тик-ток, популарната апликација во кинеска сопственост, од нивните уреди, нареди Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа.

Апликацијата за споделување видео содржини во сопственост на кинеската компанија „Byte Dance“ се најде на удар на американските пратеници кои сметаат дека апликацијата е закана за националната безбедност, а нејзината употреба веќе беше забранета на крајот на декември на сите официјални уреди под јурисдикција на САД.

Директорката на Канцеларијата Шаланда Јанг побара од федералните агенции „да ја прекинат и забранат инсталацијата на апликацијата“ на уредите и системите што ги поседуваат или контролираат и да го „забранат интернет сообраќајот“ од нивните уреди до апликацијата.

Оваа забрана доаѓа четири дена откако Европската комисија им нареди на своите службеници да го отстранат Tик-тok од официјалните и приватните мобилни телефони, наведувајќи ја „заштитата“ на институцијата како причина.

„Со цел да се заштитат податоците на Комисијата и да се зголеми нејзината сајбер безбедност, управниот одбор на Европската комисија одлучи да ја суспендира апликацијата Tик-тoк на корпоративни уреди и приватни уреди регистрирани на услугата на Комисијата за мобилни уреди“, објави Комисијата.

Слични Објави