Придружувајќи се кон честитките упатени до Димитар Бербатов, по повод неговиот роденден, мораме да напоменеме дека искрено, не знаевме дека ЦСКА од Софија е ЦСКА од Улан Батор.

Го советуваме г-нот Ангелески, откако ќе помине корона кризата (за да не троши залудно пари за pcr тест) да отиде до Велико Трново, во моментот несудениот играч на Вардар, Димитар Бербатов е помошник тренер во локалниот фудбалски клуб Етар. Така ќе може и самиот да го праша големиот бугарски фудбалер од Пиринско, дали е Македонец, како Македонците кои ги нарекуваат Бугарите- Монголи.
Попатно г-нот Ангелески може да се напие кафе во Благоевград, родното место на Бербатов. На плоштадот каде што се наоѓа споменикот на Гоце Делчев има прекрасни угостителски објекти со убаво кафе и многу симпатичен персонал. Може да ги праша луѓето околу него, галиба дали и тие се Македонци како него и дали и тие ги нарекуваат Бугарите-Монголи…
Силно се сомневаме, но сепак се надеваме дека големиот фејсбук патриот Ljupco Angeleski ќе не демантира.
PS: Г-не Ангелески, ако почнат да ви се смеат не се секирајте, сте поминале добро. Пиринциве се лоши, знаат и шамари да маваат на невоспитани говеда, но вие секако не сте таков, вам само ќе ви се смеат.