БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ НА ВАТИКАН ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

//

Здравствените работници во Италија ќе можат бесплатно да влезат во музите на Ватикан во знак на благодарност за нивните напори во борбата против Ковид-19, соопшти Светиот Престол.

Оваа понуда за обиколка на музеите, која ја вклучува и славната Сикстинска капела, ќе биде на сила од 8 до 13 јуни.

Лекарите, медицинските сестри и други здравствени работници исто така ќе можат бесплатно да ја видат летната резиденција на папата во Кастел Гандолф за време на претстојниот викенд и на 13 и 14 јуни.

Здравствените работници можат со себе да доведат едно лице, кое исто така ќе добие бесплатен билет.

Вообичаено, влезницата за музеите на Ватикан чини 17 евра, а за Кастел Гандолф, кој се наоѓа 30 километри југоисточно од Рим, цената е 11 евра.



Музетите повторно се отворени за посетители од 1 јуни, по тримесечен карантин во земјата поради коронавирусот.

Италија е една од земјите кои беа најмногу погодени од пандемијата. Досега таму починаа вкупно 33.500 луѓе, а заразени се 233.500.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОВРЕДАТА НА МЕСИ Е ПОСЕРИОЗНА ОТКОЛКУ ШТО БАРСЕЛОНА САКА ДА КАЖЕ

Следна статија

АГАТАНГЕЛ ГИ ПОВИКА ВЕРНИЦИТЕ ВО ДВОРОВИТЕ НА ЦРКВИТЕ

Најново од Вести