Литературно читање во Париз во чест на Пејо Јаворов и неговата муза Мина Тодорова
За 11-ти пат по ред бугарското училиште „Кирил и Методиј“ во Париз организираше литературно читање на тема „Две срца силно се љубат“ посветено на големиот бугарски поет Пејо Јаворов и неговата муза Мина Тодорова, јавува БТА.
Настанот се одржа на гробот на Мина во гробиштата на париското предградие Булон-Бианкур. Меѓу присутните беше и столетничката Елена Волева-Равол, која пред 35 години го открива вечното почивалиште на Мина Тодорова и започнува да се грижи за него.