| |

Безбедносни извештаи: Балканските кланови се почесто шверцуваат кокаин, меѓу криминалците има и Македонци

Ако во минатото патот на дрогата, односно херионот почнуваше и се развиваше во Јужна Америка, тој денес најмногу се разнесува во цел свет токму преку балканските патиштата и регионот. Вака накратко Американската служба за борба против дрога – ДЕА гледа на регионот и шверцот со дрога како што некогаш гледаше на земјите од Јужна Америка и трговијата со наркотици, пренесува Слободен печат.

Имено во Албанија минатата недела, како што информираше Полициската управа на Црна Гора, запленети беа 430 килограми кокаин, кој со брод бил прошверцуван од Колумбија преку пристаништето Бар. Тоа беше епилогот од меѓународната полициска акција именувана како „Пристаниште“, која, според пишувањата на медиумите, ја водеше американската агенција ДЕА, специјализирана за борба против нарко-мафијата и борбата против латиноамериканските кланови.

Како што пишува белградска Политика само еден ден подоцна, во саботата изминатиот викенд, во Белгија беа запленети 115 килограми кокаин, што доведе до апсење на осуммина осомничени од Србија и Босна и Херцеговина. Тие се обвинети дека доставувале дрога од Јужна Америка во Ротердам. Кокаинот запленет во Албанија и Белгија се сомнева дека бил наменет за нелегалниот нарко пазар во Европската унија.

Овие два случаи говорат за се поголемата сила на балканските банди, групи кои се во длабока сенка, додека војната продолжува во регионот и во светот до истребување на членовите на познатите кланови „Шкалјарски“ и „Кавачки“. Огромните количества на дрога кои повремено се запленети, пред се кокаин, зборуваат за нивната тешко замислива огромна финансиска моќ и влијание. Се разбира, тоа не остана незабележано во најголемите светски полициски служби, поради што ДЕА, Европол и другите службеници на јавниот ред толку многу се занимаваат со Балканот.

Дополнително „Дејли трибјун – Бахерин “ неодамна објави дека е разбиена групација на интернационалци меѓу кои има и Македонци кои се вмешани во нелегална трговија со наркотици. Според информации на „Слободен печат“ станува збор за македонски државјани познати на надлежните за нивните криминогени активности кои засега медиумите во земјава не објавија дека се уапсени во Бахреин.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави