„Бионтек“: Трета доза од вакцината е потребна по 12 месеци
Главната научничка во „Бионтек“, Озлем Туречи, најави дека ќе биде потребна трета доза од вакцината, но дека составот на вакцините нема дополнително да се модифицира поради делта сојот на вирусот.
Туречи, една од основачите на германската компанија која произведува вакцини против коронавирус во соработка со „Фајзер“, за време на прес-конференција објави дека третата доза, која се нарекува засилување или „бустер доза“, треба да се даде една година по првиот циклус на вакцинација, пренесува „Политико“.
Таа потврди дека студиите покажале оти постои силна ефикасност на имунизација со две дози, но дека третата предизвикува силен неутрализирачки одговор врз делта и бета сојот на коронавирусот и обезбедува највисоко можно ниво на заштита.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Темите
