Благоевград со свечена поворка, концерт и венци и свежо цвеќе ја одбележа 146-та годишнина од ослободувањето на Бугарија
Да го следиме заветот на Левски- да живееме во слободно општество во кое гласот на секој еден ќе биде слушнат и заедно да ја градиме нашата судбина. Тоа го изјави градоначалникот на Благоевград, Методиј Бајкушев, за време на прославата на националниот празник на Бугарија 3-ти Март, јавува 24 часа.
Со голем број приредби во Благоевград беше одбележана 146-тата годишнина од Ослободувањето на Бугарија. Програмата започна пред спомен плочата каде Горноџумајци ги пречекуваат војските на 4-ти Мариополски полк, предводен од мајор Павлович Орлински во 1878 година . Градоначалникот, пратеници во бугарскиот парламент, обласниот управник, општински советници и граѓани на Благоевград, поднесоа венци и свежо цвеќе во знак на почит кон хероите кои го дале својот живот за слободна и независна Бугарија.
Во склоп на програмата се одржа празнична поворка предводена од Оркестарот на пешадиските војски која започна од улица 3-ти Март и стигна до плоштадот Македонија. Таму свечено беше кренато бугарското знаме, беше интонирана Бугарската химна, и беа поднесени венци и свежо цвеќе пред споменикот на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев. Пред присутните се обрати градоначалникот на Благоевград, Методи Бајкушев, кој во своето обраќање го подвлече значењето на датумот 3-ти Март како симбол на бугарската слобода. Тој исто така ја изрази својата почит кон илјадниците руски, украински, фински, романски, полски војници и бугарски ополченци, кои го дале својот живот за слободата на Бугарија.
На плоштадот Македонија беше отслужен и молебен за здравје и благодет на бугарскиот народ од страна на неврокопскиот митрополитот Серафим и благоевградски свештеници.
Во свечената прослава зедоа учество обласниот управник на Благоевград Марија Димова, претседателот на Општинскиот совет Радослав Тасков, командирот на бригадната команда Благоевград полковник Кирил Спаневиков, воени лица, претставници на културни и образовни институции, претставници на патриотски организации, политички партии, општественици и гости на градот.
На споменикот на Гоце Делчев беа положени венци од името на Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев, и од името на началникот на одбраната на Бугарија адмирал Емил Ефтимов. Прославата продолжи со концерт спектакл на ансамблот ,,Пирин” насловен и ,, За Слобода” и со ,, Лекција по родољубие ” организирана од регионалниот историски музеј во Благоевград со директор Кирил Алексиев.
