Блажевски: Не сме побарале од Централниот регистар промена на името на здружението „Цар Борис III“
Здружението на граѓани „Цар Борис III“ од Охрид нема побарано промена на своето име од Централен регистар на РС Македонија. Тоа станува јасно од изјавата на претседателот на здружението Томе Блажески за порталот Трибуна.
„На 10 февруари доставивме писмо до подрачната единица на Централниот регистар на РС Македонија во Охрид. Во истото писмо истакнавме неколку барања, а имено да добиеме писмено известување со насоки за тоа како, под точка еден, начинот на кој здружението да го осогласи своето работење со Законот за здруженија и фондации по изгласаните измени и дополнувања, второ рокот во кој здружението е задолжено да го усогласи своето работење, трето, точните одредби и прописи на кои централниот регистар ја заснова својата одлука и четврто, каков е рокот за обжалување на таквата одлука на Централниот регистар“. Во нашето писмо никаде не наведуваме дека сакаме да извршиме промена на името на здружението „Цар Борис III“, изјави за Трибуна, Томе Блажески, претседател на здружението „Цар Борис III“ од Охрид.
Потсетуваме дека пред три дена во голем број домашни медиуми беше објавена веста дека охридското здружение „Цар Борис“ ќе го смени името и дека веќе ги поднело потребните документи до Централниот регистар за да се усогаси со измените на Законот за здруженија и фондации.