Блинкен пристигна во Израел
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Израел, пренесува Ројтерс.
Блинкен отиде за Израел како знак за поддршка на тој американски сојузник. За време на неговата посета се очекува да се сретне со високи израелски претставници.
Утрово беше најавено и дека ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Да потсетиме дека Абас се наоѓа на Западниот Брег и е политички ривал на Хамас во Појасот Газа.