БНР во партнерство со Извршната агенција на Бугарите во странство организира конкурс за есеj за млади Бугари од странство
Извршната агенција за Бугарите во странство е партнер на конкурсот за есеј, организиран од Бугарското национално радио, под покровителство на претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, и со поддршка од Министерството за образование и наука, јавува ИАБЧ.
Конкурсот е наменет за ученици и студенти до 26 години од бугарските заедници во странство, кои го владеат бугарскиот јазик и немаат постојано живеалиште во Бугарија. Учесниците можат да испратат еден есеј на една од двете теми: „Со што Бугарија може да ѝ помогне на Европа/светот?“ или „Која кауза може да ги обедини Бугарите во светот?“.
Есеите треба да бидат напишани на книжевен бугарски јазик, а учесниците ќе се натпреваруваат во две категории: ученици до 18/19 години и студенти до 26 години. Професионално жири ќе избере по пет победници во секоја категорија.
Наградените ученици ќе добијат еднонеделна посета на Бугарија во летото 2027 година, додека студентите ќе имаат можност за платена пракса во Бугарското национално радио.
Крајниот рок за испраќање на есеите е 15 јули 2026 година, а целосниот правилник и потребните документи се објавени на интернет-страницата на Бугарското национално радио.
