БОЈКО БОРИСОВ: НЕ САКАМ НИ ДА ПОМИСЛАМ НА МОЖНОСТА БУГАРИЈА ДА ГО БЛОКИРА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ НА ЕУ

//

„Не сакам ни да помислам на можноста Бугарија да го блокира патот на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ. Покрај сите напори што ги направивме, нашата цел е фокусирана и да дојде ситуација јас да кренам рака против Р. Македонија тоа е недопустливо“, изјави премиерот на Р. Бугарија, Бојко Борисов на денешната прес-конференција во Владата на Р. Македонија, како одговор на новинарско прашање, дали Бугарија ќе постави услови пред Република Македонија за нејзиниот почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Борисов подвлече дека мешовитата бугарко-македонска комисија за историја треба да работи секојдневно за да се решат сите отворени прашања и до октомври да има резултати.

Во своето излагање бугарскиот премиер истакна дека илјадници луѓе го загубиле својот живот за да можат денеска тие двајцата со Заев да работат заедно за напредокот на двете земји и додаде дека било каков друг излез освен позитивниот ќе биде потценување на жртвите дадени за слободата на регионот.

„Ние политичарите треба да внимаваме и не само да се поклонуваме пред хероизмот на овие луѓе, туку и да овозможиме се што треба за да се влезе во Европарламентот заедно“, рече Борисов.



Претходна статија

DW: ХАМЗА БИН ЛАДЕН Е УБИЕН, ТВРДАТ АМЕРИКАНСКИ МЕДИУМИ

Следна статија

СЕВЕРНА КОРЕЈА: ИЗВРШЕНА Е ПРОБА НА РАКЕТНИОТ СИСТЕМ, НЕ НА РАКЕТИТЕ

Најново од Вести