|

БОЈКОТ НА НАСТАВАТА ВО НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА, СЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕКУ ФЕЈСБУК, УНИЈАТА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ПРОТИВ

Се бојкотира наставата во повеќе основни училишта, а за средните, нема информации, изјавија за МИА од неформалната фејсбук-група на родители „Учебници и настава мора да има“, пренесува zoom.mk.

Тие вчера најавија бојкот на наставата со барање да се стопира донесувањето на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

“Имам повеќе информации од родители и наставници дека денеска воопшто не почнале со настава и можеби 80-90 проценти денеска нема да има настава кај основците. За средно немам доволно информации, рано е уште. Нашиот став е дека еден ден пропуштен во наставата не е толку значаен колку што е значајно да се донесат промени во образованието. Ќе стоиме зад сите наши дела се додека не не слушне Министерството”, кажа Драгана Спасевска претставничка на фејсбук групата.

Средношколскиот сојуз вчера се огради од бојкотот, наведувајќи дека негови организатори не се тие, туку родители.

Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи денеска изјави дека нема сознанија дали средношколци денеска бојотираат самоиницијативно.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави