| |

БОКИ 13 ОДБИЛ ДА ДАДЕ ИСКАЗ БИДЕЈЌИ РУСКОВСКА МУ КАЖАЛА ДЕКА ИСТРАГАТА ПРОТИВ НЕГО Е ЗАВРШЕНА

Еден час траеше распитот на првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски, кој денеска беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, јавува Фокус.

Јовановски беше донесен со полициска придружба од притвор, а по еден саат вратен во затворот во Шуто Оризари.

Како што рече подоцна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, Јовановски одбил да даде исказ затоа што обвинителката Русковска на првото соочување со доказите го известила дека истрагата против него е завршена.



Слични Објави