БОМБА НА „МАРАКАНА“: СТАНКОВИЌ ВО ЗВЕЗДА НОСИ БИВШ ФУДБАЛЕР НА ЧЕЛСИ

Легендата на Црвена Звезда би требало официјално да биде потврден како нов тренер на белградскиот тим, а на кормилото ќе го наследи Владан Милојевиќ.

Станковиќ веднаш мисли на засилувања, а едно од можните е дефанзивецот Бранислав Ивановиќ, кој во моментов настапува за Зенит Санкт Петербург.

Поранешниот бек на Челси се поврзуваше со Звезда и претходно, но никогаш не сакаше да откри за кого навива од клубовите од Белград.

„Додека не ја завршам кариерата, не можам да го кажам тоа, туку само сакам да порачам дека секогаш ќе останам навивач на репрезентацијата на Србија“, порача претходно Србинот.

Извор: Спорт1

Слични Објави