(ФОТО) ГРОБОТ НА ЕСМА Е ВО УРЕДЕН ВИД- ПОРТАЛИ И ТЕЛЕВИЗИИ ОБЈАВУВААТ СТАРИ СЛИКИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Вести Истакнато Македонија

До нашата редакција стигнаа фотографии на кои јасно се гледа дека вечното почивалиште на кралицата на ромската музика и песна Есма Реџепова-Теодосиевска во гробишта Бутел е во угледен вид. Деновиве некои мали портали, а и поголеми телевизии објавија написи и прилози во кои се искористени слики од пред 1 година, тоа го изјави за нас извор, вработен во АД Бутел. Во моментот гробот е во процес на изградба, а се чека и неговата финална изработка, вели нашиот извор. Погледнете ги фотографиите што ги доби нашиот портал и фотографијата што кружи во интернет и по се изгледа се користи за евтина политичка пропаганда.

А еве ја и старата фотографија што кружи на интернет и веќе влезе во вестите на една голема телевизија.