БОНЕ: ПАРИЗ МОЖЕ ДА ГИ ДЕБЛОКИРА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Советникот на францускиот претседател, Емануел Макрон, за европски прашања, Клемент Боне, изјави дека Париз би можел да се повлече од блокирање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.
„По напуштањето на ЕУ од страна на Велика Британија, Франција сака да се фокусира повеќе на исток. По брегзитот, поважно е од кога и да е да се надминат разликите во рамките на ЕУ и да се фокусираме на она што нè поврзува“, рече Боне во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајн цајтунг“, пренесува АТА.
Тој додаде дека тоа ќе се случи веднаш штом ЕУ се согласи за планот за проширување.
„Ќе одбиеме да ги третираме Албанија и Северна Македонија одделно. Тоа би се спротивставило на нашата желба да се поттикне стабилноста во регионот“, рече Боне.
Извор: Макфакс