|

Борел ги покани на средба министрите за надворешни работи на Израел и Палестина

Израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен, и палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малки, се поканети да учествуваат на вонредниот состанок на европските министри за надворешни работи, свикан по нападот на Хамас врз Израел.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на социјалната мрежа Х објави вест за состанокот.

I have invited Israeli Foreign Minister @elicoh1 to join the meeting of EU Foreign Ministers I am convening this afternoon.
I have also invited Foreign Minister Malki @pmofa to address the meeting and present the views of the Palestinian Authority.

— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) October 10, 2023

Борел е во Оман, каде што е со неколку европски министри.

Европскиот функционер свика состанок за попладнево во хибриден формат.

Слични Објави