Борусија го договори Батшуаи – нема пречки за Обамејанг!

Борусија Дортмунд и Челзи го договорија трансферот на Мичу Батшуаи кој ќе игра во германскиот клуб како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Останува денес белгискиот напаѓач да ги помине лекарските прегледи и официјално да стави потпис на договорот со „милионерите“.

Тоа значи дека повеќе нема да има никаква пречка за реализација на трансферот на Обамејанг во Арсенал. Габонецот е во Лондон и чека зелено светло до Борусија, која не сакаше да го потврди трансферот се додека не најде адекватна замена.

Од друга страна пак Челзи го договори трансферот на Оливие Жиру од Арсенал и му дозволи на Батушуаи да се пресели во Борусија Дортмунд.

Трите трансфери ќе бидат официјализирани до крајот на денешниот ден.

Извор: Sportski.mk

Слични Објави