ОПОЖАРЕНИ ВОЗИЛАТА НА СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА И НА РЕБЕКА

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката Ребека.

„На 16.01.2020 околу 03 часот во СВР Скопје пред трговски центар на булевар „8-ми септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје“, информираат од скопската полиција.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Полицијата ги утврдува причините за пожарот.

Извор: Макфакс