ГОСТИВАРЧАНКА ГО ПРИЈАВИЛА СОПРУГОТ ДЕКА ЈА ПРИНУДУВАЛ НА СЕКС СО НЕГОВ ДРУГАР ЗА ПАРИ

Дваесетгодишна гостиварчанка вчера, околу 22 часот пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар кој му плаќал и одреден паричен надоместок на сопругот.

Од полицијата известија дека и двајцата, сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот вчера биле уапсени и спроведени во полициската станица во Гостивар.