| |

Бугарија се претставува на Саемот на книгата во Лондон

Бугарија ќе го отвори својот штанд на Меѓународниот саем на книгата во Лондон трета година по ред, соопшти за БТА Гергана Димитрова, заменик-претседателка на Управниот одбор на Асоцијацијата „Бугарска книга“, пренесува Радио Бугарија.

Денес од 19:00 часот по локално време во галеријата „Софија“ во Бугарскиот културен институт во бугарската амбасада во Лондон ќе биде претставена книгата на проф. Христо Пимпирев и Иглика Трифонова „Антарктида – историја, природа, бугарските поларници“, како и книгата на Иглика Трифонова „Христо Пимпирев. Антарктичкиот автостопер“. Во разговорот при претставувањето на книгите ќе учествува генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција Кирил В’лчев. Учество ќе земе и изведувачот на кавал и композитор Теодосиј Спасов.

На 10 март од 11:00 часот (Олимпија Лондон) ќе се одржи разговор со бугарскиот издавач и уредник Светлозар Желев и британската новинарка Роузи Голдсмит, директорка на „Европска литературна мрежа“, на тема „Сатирата во Европа по 1989 година“, како и претставување на Христо Пимпирев и Иглика Трифонова од страна на генералниот директор на БТА Кирил В’лчев, со учество на Теодосиј Спасов.

Исто така утре, од 18:30 часот во книжарницата „Хачардс“, ќе се одржи разговор меѓу Роузи Голдсмит, директорката на англиската издавачка куќа „Исторос Букс“ Сузан Кертис и бугарскиот издавач и уредник Светлозар Желев на тема „Сатирата во Европа по 1989 година“.

На 11 март од 19:00 часот во галеријата „Софија“ е предвидено претставување на книгата „Кратка антологија на современи бугарски автори во Обединетото Кралство“ на составувачот и уредник Георги Николов.



Слични Објави