|

Боже пази ја Македонија!

Што ќе остане од нас, ако секој натпис е испишан на македонски и на албански јазик? Можеби нема мене да ми пречи тоа, но треба да потсетам дека од 2008 година беше донесен закон за тие натписи од хунтата ДПМНЕ-Ваљево (намерно не ги нарекувам по вистинското име), сега се донесе закон од хунтата СДСМ, којашто се смета за наследник на СКМ, иако прави дигресија од нејзината суштинска идеологија.

Факт е дека сѐ повеќе и повеќе наликува на современите комунисти, чијашто експозитура извира од капиталистичкиот Запад. Таа влкучува ЛГБТ права, културен марксизам и ред други изопачени сорти на пропаганден материјал којшто пере мозок. Разликата меѓу СДСМ и СКМ е тоа што овие првите не покажаа ни „П“ од патриотизам кога некој упатуваше недолични зборови кон македонскиот народ и држава.

Звучи чудно, но знам дека нивните предци се превртуваат во гроб моментално. Круцијалното што треба јас тука да го искажам е дека од утре за нас почнува нов процес на борба против функционерите, борба против УДБА-СДСМ, борба против луѓето со Југословенска свест во главата. Ова може да послужи и како порака до сите наши симпатизери и сите оние совесни и приземни граѓани кои се изреволтирани од ова флагрантно кршење на Уставот на РМ, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми и други. Меѓу другото и порака до тие што го гласаа овој закон.

Банана држава ја сторивте Македонија, како банана држава ја уништивте. Така е кога на власт не се искусни политичари, туку изроди, УДБАши и бизнисмени, болни да украдат по некоја пара од буџетот. Заради таквите луѓе како вас Македонија не е правна држава, ни самите пратеници не ги почитуваат Уставот, Деловникот, а за законите да не зборувам. 27 години нѐ сметате за лебарки, мислите дека со страв можете да владеете, но тоа нема да ви трае долго, се надевам.Заради таквите луѓе како вас Македонија не е правна држава, ни самите пратеници не ги почитуваат Уставот, Деловникот, уставните судии сметаат избор на Претседател на Собрание за поединечен правен акт, а дали за секого важат законите да не зборувам. Тоа е грозната слика на нашето општество.

Донесовте закон за употреба на албанскиот јазик во 2008, ги амнестиравте тие што нѐ тероризираа во 2001, го ставивте Талат на чело на армијата, истиот Талат го поставивте за Претседател на Собрание, сега изгласавте закон кој ни ја поништува унитарноста.

Епа господо од СДСМ, ДУИ, ДПМНЕ, или да сум појасен, господо УДБАши, црно ви е пишано уште од многу порано, но за жал се нема интерес некој да ве казни врз база на ритуалите на светото ВМРО. Кога ќе умрете, знајте дека ништо не ќе можете да понесете на оној свет со себе, сѐ тука на земјата ќе остане, за следните генерации да научат од вас како треба да се постапува, а како не треба.

Ако сме се осамостоиле како држава да си ја уништуваме во континуитет, тогаш зошто сме се осамостоиле воопшто? Разликата меѓу дејците на ВМРО и вас е што тие го жртвуваа својот живот за ова парче земја и секогаш беа со народот за остварување на вековната цел, а секој од вас беше и остана политикант, односно арогантно суштество кое мисли дека светот е створен за него и дека треба да се биде себичен кон сите. Порано или подоцна, сѐ се враќа и сѐ се плаќа. Вистинските патриоти и сите совесни и чесни луѓе се секогаш со Македонија. Сѐ уште има надеж во нас, бидејќи и нашите предци живееле во полоши услови. Боже, пази ја Македонија, пази нѐ и нас!

Автор: Војдан Џилвиџиев

„Трибуна“ се оградува од ставовите изнесени од авторите, објавени во рубриката „Ваш став“. 

Слични Објави