ОВАКО У ЕВРОПУ НЕЌЕ МОЌИ ДРУГОВИ И ДРУГАРИЦЕ
Европската Комисија во јуни 2018 објави дека со Северна Македонија ќе започнат преговори за членство во ЕУ во јуни 2019, ако државата ги исполни овие 4 задачи:
1.Реформи во судството и обинителството,
2. Борба против корупцијата и организираниот криминал.
3.Реформи на јавната администрација,
4.Реформи во безбедносните служби.
Сега вака,
Првите три услови не да не се исполнети, туку се влошени.
Судството е полошо и позависно од власта дури и од времето на Груевски (обвинителството според мене има подобрување).
Криминалот и корупцијата цветаат.
Непотизмот стана нормална појава, посебно кај ДУИ.
И кај СДСМ, но сепак, дел од нив се повлекоа поради притисокот од јавноста. Овие од ДУИ мува не ги лази.
Одговорност нема, ниту од Владата, ниту од Антикорупциска за непотизмот.
Јавната администрација е зголемена во споредба од пред 2 години, посебно последната година.
За безбедносните служби знам само дека се формира нова Агенција за Безбедност која ќе биде надвор од контролата на МВР.
Овако у Европу неќе моќи, другарице и другови.
Лаку ноќ.
Автор: Арменд Нухиу

